Рејес кога загина не возел со 237 км/час, туку со дозволена брзина, но му пукнала гума

Шпанскиот фудбалер Хозе Антонио Рејес, кој на 1 јуни загина во сообраќајна несреќа, не возел со 237 километри на час како што објавија некои медиуми, туку двојно побавно и како искусен шофер, со сите сили се обидувал да ја избегне катастрофата, но не успеал.

Вештачењето покажало дека 35-годишниот Рејес со „мерцедесот брабус С500“ во моментот кога ја загубил контролата врз возилото и удрил во страничните блокови, по што колата се превртела и запалила, возел помеѓу 111 и 118 километри на час, што е дозволена брзина на патот од Севилја до Утрера. Како причина за несреќата се наведува пукање на едната гума поради неадекватен притисок во неа.

Покрај фудбалерот, во колата беа и неговите роднини Џонатан, кој исто така го загуби животот, и Хуан Мануел, кој преживеа, но има изгореници на две третини од телото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести