Рекорден број заразени во Турција, со став се јавија и од УЕФА

УЕФА не планира да го промени градот во кој ќе се игра финалето на фудбалската Лига на шампиони. Ставот на УЕФА е дека финалето ќе се игра на 29 мај на олимпискиот стадион во Истанбул и покрај рекордниот број заразени кои ги има во Турција деновиве.

Само вчера, во Турција имало дури 59.187 заразени со ковид-19 и тоа е рекорд за едно деноноќие од почетокот на пандемијата. Сепак, во УЕФА немаат намера да го преместат финалето на друго место и дефинитивно новиот европски клупски првак ќе се одлучува во најголемиот турски град како што беше планирано од поодамна.

- Оглас -

Најнови вести