Рекорден број прогнозери составија тикет со коефициент 657,7

Недела е ден кога ги сумираме типувањата на сите оние кои биле дел од тековното коло на Спортска прогноза. Рекорден број од 1.104 прогнозери викендов тргнаа во трка за освојување на главната премија на „Среќна-13-ка“, а тоа е мобилниот телефон  iPhone XS. По одиграните пет меч во сабота, има повеќе прогнозери со максимални пет погодоци, што значи дека тие ја задржаа шансата да го освојат вредниот iPhone XS, но и останатите имаат можност да стигнат до вредносни ваучери од Sport Life.

Од типувањата на 1.104 прогнозери, ќе ви понудиме најреални опции за седум мечеви. Возбудувањата започнуваат во 15 часот кога играат Удинезе и Болоња, а 50 отсто очекуваат победа на домаќините. 38 отсто се за нерешено, додека само 12 отсто веруваат во победа на Болоња. „Кецот“ на Болоња е со коефициент 2,85 во Sport Life.

Во исто време, во Франција ќе играат Стразбур и Монпелје, а тука најреално е ремито, во кое веруваат дури 56 отсто. Домаќините се со 28 отсто шанси за победа, а гостите со само 12 отсто. Иксот на овој меч е со коефициент 3,00.

Потоа следуваат два „кеца“ во Бундеслигата. На Дизелдорф – Фрајбург, за триумф на домаќините прогнозирале 47 отсто, додека голем е процентот за нерешено (32 отсто). За победа на Дизелдорф, коефициентот е 2.50. Посигурен пар за „единица“ е Келн – Херта. Во Келн веруваат 50 отсто од прогнозерите, а коефициентот е 2,18.

Вчера се потврди дека дерби дуелите секогаш се неизвесни и дека „иксот“ е реална варијанта. Без победник завршија дуелите Атлетико Мадрид – Реал Мадрид и Галатасарај – Фенербахче, но тоа и како да беше очекувано. Затоа можеби и најнормално е што за дуелот Трабзонспор – Бешикташ, дури 42 отсто се за нерешено, додека во двојка веруваат речиси 37 отсто. За „икс“ на овој меч, коефициент во Sport Life е 3,50.

Како „шлаг“ на овој тикет се две речиси сигурни победи на домаќините во шпанското првенство. За триумф на Леванте против Осасуна типувале 76 отсто, додека победа на Севилја против Сосиедад е „кец“ со 83 отсто сигурност. Победа на Леванте е со коефициент 2,18, а за триумф на Севилја, коефициентот е 1,85.

Кога ќе се помножат најпрогнозираните коефициенти од овие седум меча кои се дел од Спортска прогноза, се доаѓа до вкупен коефициент од 657,7 во Sport Life. Тоа значи дека за само 100 вложени денари, можната добивка по типување на 1.104 играчи на Спортска прогноза е дури 65.774 денари, односно повеќе од 1.000 евра.

Еве го тикетот во Sport Life со кој за 100 денари може да се заработат 65.774 денари.

 

3007   Удинезе – Болоња                    1    (2.85)

1708   Стразбур – Монпелје               Х    (3.00)

1808   Дизелдорг – Фрајбург             1    (2.50)

1809    Келн – Херта                             1   (2.18)

1958    Трабзонспор – Бешикташ      Х   (3.50)

2845    Леванте – Осасуна                  1   (2.18)

2846    Севилја – Сосиедад                1    (1.85)

———————-

Вкупен коефициент во Sport Life:           657,7

 

- Оглас -

Најнови вести