Рекордерите ја декласираа Кина, ќе играат големо дерби за полуфинале на олимпискиот турнир во хокеј на мраз

Канада е последниот четртфиналист на олимпискиот турнир во хокеј на мраз откако убедливо со 7:2 ја победија Кина.

Блескаше Адам Тамбелини со пет поени, односно два гола и три асистенции, а Канаѓаните лесно ја елиминираа Кина.

Олимписките рекордери со 9 титули остануваат во игра за јубилејниот десетти пехар на Зимските олимпијади, но во следната фаза ќе имаат незгоден ривал.

Канада ќе игра со Шведска во дербито на четвртфиналната рунда, а и двете селекции се во Топ-5 и според златните медали, но и кога се бројат сите три одличја.

Канаѓаните се на врвот на вечната листа со 9 титули, а имаат и четири сребра и 3 бронзи, или вкупно 16 медали.

Шведска е на четвртото место со две олимписки злата и 3 сребрени и четири бронзени медали.

Второто дерби во четвртфиналето ќе биде меѓу актуелниот олимписки шампион САД и Словачка, а во осминафиналето изненадување приреди Швајцарија и ќе игра со Финска за пласман во полуфиналето.

Швајцарците ја победија Чешка со 4:2 и останаа во игра за медал. Данска во осминафиналето ја победи Летонија со 3:2 и ќе игра против Русија во обидот да приреди сензација и да биде меѓу четирите најдобри олимписки селекции во хокеј на мраз.

 

- Оглас -

Најнови вести