Рекордерот на Барса пак ќе се трка за претседател на клубот

Жоан Лапорта повторно ќе се трка за претседател на Барселона на изборите што треба да се одржат идната година, а кои ќе бидат витални за шпанскиот гигант.

Човекот што е рекордер со неверојатни шест титули во иста сезона во неговата ера на владеење со Барселона ќе се обиде да победи и пак да го преземе кормилото на клубот, објавија дел од каталонските медиуми.

Моментно на чело на клубот е Жозеп Марија Бартомеу, кој веќе не е омилен кај навивачите, особено по конфликтот со Лионел Меси, но и со хаосот што настана во клубот, кој го мачат и лошата финансиска состојба и многуте погрешни потези во последно време.

Лапорта беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година, а клубот во тој период освои 12 пехари во различни натпреварувања, од кои две се титули во Лигата на шампионите.

Поранешниот прв човек на шпанскиот гигант се запиша и во клупската историја со неверојатни шест трофеи освоени во една сезона, откако во 2009 година со него на чело, Барселона жнееше пехари во Ла Лига, Копа деј Реј, Лига на шампиони, Суперкупот на Шпанија, УЕФА Суперкупот и на Светскиот клупски куп што го организира ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести