Рекордерот во Лигата на Европа ќе се мачи против Римската волчица

Луцерн – Јанг Бојс (18 ч.)

Со осум победи во последните девет кола од првенството, Јанг Бојс ја обезбеди титулата во Швајцарија. Нова цел на тимот сега е освојување на двојната круна. Во четвртфиналето од Купот, Јанг Бојс ќе гостува кај Луцерн, екипа која има само една победа во последните осум средби.

Сезонава овие две екипи играа четири пати, а билансот е две победи за шампионот, еден триумф за Луцерн и едно реми. Според моменталната форма, многу пореално е да победи гостинот.

Предлог тип: 2 (1.44)

 

Баер Леверкузен – Ренџерс (18:55 ч.)

Баер е голен фаворит за место во следната фаза, затоа што има залиха од 3:1 стекната од првиот меч против шкотскиот тим. Фармацевтите не смеат да си дозволат луксуз и да прокоцкаат убедлива предност на свој терен. Баер е тим кој игра офанзивно и сигурно дека целта на овој тим е да стигне што е можно подалеку во ЛЕ.

Ренџерс неодамна стартуваше во новото првенство во Шкотска и сигурно дека гостите се во добра форма, но тешко дека ќе може да го загрозат домаќинот.

Предлог тип: 3+ (1.58)

 

Севилја – Рома (18:55 ч.)

Исто како синоќа што играа Интер и Хетафе, вечерва има уште една италијанско-шпанска пресметка која ќе решава за патникот во четвртфиналето во Лигата на Европа. Севилја и Рома ќе играат на неутрален терен во Германија, а доколку е нерешено може и пеналите да решаваат.

Севилја е рекордер во ЛЕ и во последниве 15 години дури пет пати беа прваци во ова натпреварување. Шпанскиот тим нема пораз на последните 17 меча во сите натпреварувања, во кои дури девет пати одигра нерешено. И Рома е во одлична форма и има седум победи и едно реми во последните осум дуели, па сигурно ќе биде интересен и неизвесен меч.

Предлог тип: Х (3.35)

 

Базел – Ајнтрахт Франкфурт (21 ч.)

Базел само формално треба да го потврди местото меѓу осумте најдобри затоа што пред пет месеци на гости во Франкфурт победи со 3:0. Во корист на домаќините оди и фактот што тие се во натпреварувачки ритам и во последните месец дена одиграа 10 меча, додека Ајнтрахт заврши со натпреварите уште на 26 јуни, кога го одигра последниот меч од Бундеслигата.

Меч кој не треба да донесе неизвесност, но затоа се очекува да донесе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

 

Вулверхемптон – Олимпијакос (21 ч.)

Домаќините се фаворити, но Олимпијакос покажа дека не се плаши од никого. Грчкиот првак во претходното коло веќе успеа да направи едно чудо на англиско тло, откако сред Лондон го елиминираше Арсенал. Топчиите имаа победа од 1:0 по првиот меч, но Олимпијакос победи на гости со 2:1 и помина во осминафиналето.

Вулверхемптон сезонава во Премиер лигата на домашен терен има само четири порази, па реално треба да се очекува да оди понатаму во Лигата на Европа.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.85)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести