Рекордно 50-то Мастерс финале за Федерер

Роџер Федерер се пласираше во финалето од Мастерсот во Мајами откако го совлада Денис Шаповалов со 2-0 во сетови (6-2, 6-4) и закажа дуел за пехарот против бранителот Џон Иснер. Федерер стигна до рекордно 50-то Мастерс финале, а против Американецот ќе се обри за 101-от трофеј во кариерата.

Швајцарецот уште на стартот најави доминација, па со два брзи брејка поведе со 5-1, а младиот Канаѓанец само го одложи водството на Федерер и успеа да спаси две сет топки. Сличен беше текот и на вториот сет, Федерер дојде до 3-1 во гемови, Шаповалов успеа да намали на 5-4 и го стави Швајцарецот во поволна позиција при негов сервис да ја забележи победата.

Финалната пресметка против Џон Иснер е предвидена за утре со почеток од 19 часот, а Федерер во 50-тото Мастер финале ќе се бори за 101-та титула во кариерата, односно за 28-ми пехар на Мастерс турнирите, додека во Мајами досега три пати го освојувал трофејот.

Во финалето од женска конкуренција, денес (18 часот) силите ќе ги одмерат Ешли Барти и Каролина Плишкова.

- Оглас -

Најнови вести