Тотенхем за Танги Ндомбеле плати рекордни 60 милиони фунти пред почетокот на актуелната сезона, но ексиграчот на Лион во првата можна прилика сака да ги напушти Петлите, а причина за тоа е менаџерот Жозе Мурињо. Наводно на Французинот не му се допаѓа односот на португлскиот стратег, а за да размисли околу својата иднина во Лондон го натера дополнителниот кондициски тренинг.
Пред неколку дена Мурињо беше фатен како тренира со неколку свои играчи во парк во Лондон иако Англија е во карантин поради пандемијата со Коронавирусот. Мурињо му заѕвонил на врата на Ндомбеле непосредно откако фудбалерот го завршил утринскиот тренинг, па се налутил што морал да го напушти домот и да трча.
Тој смета дека потегот на неговиот тренер е безобразен, додека јавноста го критикува дека причината што сака да си замине е незрела.