Рекордот на Челзи остана само сон за Ливерпул

Барнли одигра херојски и со 1:0 го победи Ливерпул на „Енфилд роуд“ во меч од Премиер лигата. Англискиот првак до овој меч беше во низа од 68 средби без пораз дома, но Барнли со голот од пенал стави крај на оваа низа.

Ливерпул до вечерва беше во атак на рекордот во Англија, кој е во сопственост на Челзи. Лондонскиот тим имаше низа од 86 натпревари без пораз на „Стемфорд бриџ“, а таа низа беше прекината во октомври 2008 година. Ливерпул од април 2017 година немаше загубено, но денеска нивната низа застана на 68 меча, односно 18 помалку од рекордот на Челзи.

- Оглас -

Најнови вести