3008 Монца – Аталанта (18.30 часот)
Клубот на Берлускони и Галијани не се снаоѓа најдобро во елитното друштво, има четири порази во четири кола со гол-разлика 2-11. Големи се шансите Монца да остане на нула и по вечерашниот меч бидејќи на гости им доаѓа Аталанта, која во првите четири кола собра 10 бода. Сите четири средби на Монца сезонава беа со 3+ голови, а Аталанта само во минатото коло одигра ефикасно, во првите три рунди дуелите им завршуваа со 0-2 гола. Монца оди по трета среќа дома откако во првите два меча на свој терен губеше со по 1-2.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)
3009 Салернитана – Емполи (18.30 часот)
Ова е пресметка на два тима кои често ремизираат. Салернитана има серија од три меча по ред без пораз, додека Емполи има три ремија едноподруго и уште не знае за победа сезонава. Статистиката укажува дека на оваа средба нема да има многу голови. Домашните се благи фаворити, но во минатата сезона меѓусебниот дуел на овие екипи во Салерно заврши со 4-2 за Емполи.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.85)
3010 Торино – Лече (20.45 часот)
Торо бара враќање на успешниот пат кој го одеше во првите три кола, пред да загуби во четвртото. Лече има по два порази и ремија во четирите одиграни мечеви. Двата тима примија по пет гола, но Биковите се малку поефикасни и затоа имаат пет бода повеќе од гостинот. Лече победи на последното гостување во Торино, но тоа беше средба во септември 2019 година. Традицијата на нивните меѓусебни дуели во Торино најавува голови, но овојпат тешко дека ќе има повеќе од три погодоци.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.93)
1374 Валјадолид – Алмерија (21.00 часот)
Валјадолид има само еден бод и само еден постигнат гол во три кола, но и распоредот не му беше во прилог, играше со Вилјареал, Севилја и Барселона. И Алмерија е нов прволигаш, интересен тим кој и даваше и примаше гол во трите настапи, од кои два ѝ беа против силни ривали како Реал Мадрид и Севилја. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие тимови беа со 4+ гола и погодоци на двете страни.
Предлог тип: 3+ (2.11)
1022 Мидлсборо – Сандерленд (21.00 часот)
Домашните имаат скромни 6 бода по седум одиграни натпревари, затоа се трети од долу на табелата, а Сандерленд има 11 бода, доби два од последните три меча и е во подобра форма во моментов. Но, Сандерленд 17 години не знае за победа во Мидлсборо и не веруваме дека ќе ја прекине црната серија на гостувањата на „Риверсајд“.
Предлог тип: 1 (1.85)