Ремек-делото на Пандев е тешко достижно и за евроголот на Иличиќ (Видео)

Сезоната во Италија е долга, има уште доста да се игра, но засега два гола го одбележаа Калчото, а на врвот според проценките се уште е магијата на Горан Пандев против Лече, иако вчера и Јосип Иличиќ постигна одличен гол од половина терен за Аталанта против Торино.

https://twitter.com/CPHamill/status/1221181124594016256?s=20

Словенецот итро реагираше при досуден слободен удар и од половина терен ја погоди мрежата на домаќините, со што ја изнанеди и одбраната на Торино и особено голманот Сиригу. Вистински еврогол за сите вкусови, но сепак мајсторијата на Пандев сепак е уникатна и е подобра од ремек-делот на Словенецот.

Капитенот на македонската репрезентација погоди од многу потешпка ситуација, со ефектен удар со надворешна во спротивен агол на голот што го бранеше Габриел.

 

- Оглас -

Најнови вести