Реми без голови за старт на подготовките – Македонија Ѓ.П. одигра 0:0 со Погон

Македонија Ѓорче Петров одигра без голови против полскиот клуб Погон Шчечин во првиот подготвителен меч во Анталија.

Се играше на теренот во „Глорија ресорт“ во Белек, а мрежите мируваа и на двете страни. Петтопласираната екипа во нашето првенство ќе има уште пет дуели во Анталија, а следен предизвик ќе им биде украинскиот прволигаш Олександрија на 25. јануари.

Потоа ќе ги одмерат силите со две бугарски екипи, Черно Море на 28. јануари и Пирин на 1. февруари. Еден ден подоцна противник ќе им биде Тузла, а за крај е оставен и најреномираниот ривал со кого ќе играат на подготовките, украинскиот првак Шахтар Донецк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести