Реми на Шкендија со Сент Пелтен, нерешено и за Академците на Пандев во Анталија

Двата македонски прволигаши, Шкендија и Академија Пандев, денеска одиграа нерешено на зимските подготовки во Анталија  против Сент Пелтен, односно Сабуртало.

Академците на Пандев одиграа 1-1 со противникот од Грузија, Сабуртало, а мечот беше решен со голови во првото полувреме. Грузјците поведоа во осмата минута, а струмичани израмнија во 35-тата минута.

Веднаш по нив играа и Шкендија и Сент Пелтен, одново во пријателски меч во Анталија, а и тука немаше победник.

Агим Ибраими го постигна првиот гол на камбекот во дресот на Шкендија, а на 2-0 зголеми Нафиу. Во продолжение Австријците израмнија на 2-2, што е и конечен резултат во дуелот на македонскиот шампион и третопласираната екипа во австриската Бундеслига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести