Реми не е опција ни за Интер ни за Рома, но може да се случи

Интер – Рома (20:45ч, 15-то коло од Серија А)

Последниот ден од работната недела ќе заврши со возбудливото дерби на „Џузепе Меаца“. Интер е во одлична форма, планот е да се одржи и по тешката пресметка против Волчицата од Рим. Со многу труд Нераѕурите дојдоа до врвот на табелата, па само со триумф против Рома ќе го задржат првото место, инаку Јувентус демне во заднина и чека кикс на тимот на Конте.

Интер и Рома вечерва имаат една иста мисија, да не го остварат четвртото последователно реми во меѓусебните дуели. Последните два меча во рамки од Серија А кои се одиграа во Милано завршија со реми од 1-1, додека Интер последен пат на домашен терен славеше во октомри 2015 година со минимални 1-0.

Недостасуваат неколку првотимци и во двете екипи, Конте и Фонсека, сепак ќе мора да го изнесат најдоброто на теренот за ова дерби да ги оправда очекувањата.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.03)

 

Вилјареал – Атлетико Мадрид (21ч, 16-то коло од Ла Лига)

Двата состави ќе бидат некомплетни во пресрет на овој дуел. Повредите се голем проблем и за Вилјареал и за Атлетико, се одрази тоа на формата на двете екипи. Нема да биде изненадување ако вечерва победи тимот кој ќе биде физички поподготвен, а победа секако е императив за да се преболат претходните разочарувања.

Жолтата подморница никако да исплива на површина, загуби во четири од последните пет меча во шампионатот и постепено оди надолу на табелата. Атлетико, пак, по поразот во дербито против Барселона, ќе бара начин како да им се врати на победите, па можеби тоа што Вилјареал е во пад ќе им биде од корист на избраниците на Симеоне.

Јорганџиите уште од април 2015 година не паметат триумф на гостување кај Вилјареал, време е да се прекине таа невкусна традиција.

Предлог тип: X2 & 2-3 (2.65)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Херта Берлин (20:30ч, 14-то коло од Бундеслигата)

Орлите од Франкфурт како да ја потрошија целата минуција кога го растурија Баерн со 5-1, па наредија три порази кои повторно ги вратија на средина од табелата во германскиот шампионат. И Херта ја снајде бунило, од петте последни меча не издвоија ниту еден бод, затоа сега се во битка за опстанок.

Ајнтрахт вечерва нема да смета на Бас Дост, корпулентниот голгетер кој често знае да биде човек од одлука, додека Трап нема да биде на голот, што е уште една ранлива точка на домаќините. Херта нема загубено на последните пет гостувања во Франкфурт, можно е вечерва тоа да се смени.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.60)

 

Лил – Брест (19ч, 17-то коло од Лига 1)

Со минималните победи против Дижон и Лион, Данските доги ја вратија самодовербата и повторно влегоа во еврозоната. Актуелниот вицерпак сега има можност да ја подобри уште повеќе формата знаејќи дека на негов терен гостува тимот кој само еднаш успеал да се радува во меѓусебните дуели од 2010 година па наваму.

Лил мора да ја искористи фаворитската улога за да го одржи чекорот со Бордо и Марсеј во битката за пласман во ЛШ, иако уште е рано да се прават пресметки. Едно е сигурно, победник редовно се издвојувал во меѓусебните дуели на овие две екипи, па така ќе биде и вечерва.

Прелод тип: 1 & T1 2+ (1.74)

 

Милвол – Нотингам форест (20:45ч, 20-то коло од Шампионат лига)

Некогашниот европски првак е во добра позиција по 20 натпревари во првенството. Нотингам е меѓу екипите кои бркаат плејоф преку кој се изборува влез во англиската елита. Поразот од Кардиф малку му ги расипа плановите, но Нотингам уште ја има минималната предност во однос на противниците од петто до деветто место.

Милвол често е трн во око кога е во улога на домаќин против Нотингам, со 2-0 ги доби последните два меча кои се играа на стадионот „Ден“. Иако се без пораз веќе четири меча, лондончани вечерва може да го претрпат шестиот пораз доколку гостите ја пронајдат вистинската форма.

Предлог тип:1-3I & 1-3II (2.05) 

Квоти на денот во Sport Life:

Ајакс – Вилем II T1 3-5 (1.75)

Интер – Рома 1X & 2-4 (2.00)

Вилјареал – Атлетико Мадрид 1-3I & 1-3II (2.15)

- Оглас -

Најнови вести