Реми во Ливерпул во сенка на тешката повреда на Андре Гомеш (Видео)

Евертон и по 13-ти пат по ред не уеспа да го победи Тотенхем во последниот меч од 11. коло во Премиерлигата, но резултатот и играта на „Гудисон парк“ се во сенка на тешката повредана домашниот играч Андре Гомеш.

Во 79. минута на него грубо од зад грб стартуваше Хјунг-Мин Сон, па настрада Португалецот, кој ја скрши ногата.

Сон беше исклучен и со солзи во очите го напушти теренот, а на „Гудисон парк“ владееше траорен молк. Гомеш е веднаш префрлен во болница и го чека операција и долг период за рехабилитација.

Во тој момент беше 1:0 за Тотенхем со голот на Деле Али во 63. минута, но домаќините успеаја да де спасат од пораз во судиското продолжение. Мечот беше продолжен за 12 минути и во седмата од дополнителното време Чејк Тосун израмни на 1:1.

- Оглас -

Најнови вести