Страотна сцена на „Гудисон парк“, Сон му ја скрши ногата на Гомеш (Видео)

Страотна сцена и тешка повреда за Андре Гомеш се случи во финишот на мечот меѓу Евертон и Тотенхем, а Португалецот ја скрши ногата по грубиот старт на Сон Хјунг-Мин.

Во 79. минута Јужнокореецот стартуваше од зад грб и се случи тешка повреда за противничкиот играч. Во прв момент Сон доби жолт картон, но потоа беше исклучен, а откако сфати што направи со солзи го напушти теренот.

Во финишот Тотенхем има предност од 1:0 против Евертон.

- Оглас -

Најнови вести