Ремито против Англија на „Тодор Проески“ е четврт најпосетен меч на Македонија на домашен терен!

Македонската фудбалска репрезентација првпат успеа да остане непоразена на домашен терен во дуелите со некогашниот светски првак Англија. Селекцијата која е на четвртото место на светската ФИФА-листа не можеше да ги победи избраниците на селекторот Благоја Милевски, па синоќа на арента „Тодор Проески“ конечниот резултат беше 1:1.

Македонските фудбалери имаа и голема поддршка од речиси исполнетиот стадион. Убаво излгедаше да се гледаат полните трибини на „Тодор Проески“, кои еруптираа по погодокот на Енис Барди за водство на Македонија од 1:0.

Според официјалната бројка на УЕФА, на стадионот имаше 27.982 гледачи, од кои околку 1.500 беа гостински фанови од Англија. Според оваа бројка на УЕФА, дуелот Македонија – Англија е четврт најпосетуван натпревар на нашата селекција.

Интересно е дека според УЕФА податоците, на мечот од пред два месеца, кога Македонија одигра исто така 1:1 против Италија, на трибините на нашиот најголем стадион имало повеќе публика отколку синоќа со Англија. Според бројките, дуелот против Италија го следеле 28.126 гледачи, а против Англија имало 144 гледачи помалку.

Според официјалните податоци од УЕФА, ова се десетте најпосетувани натпревари на „Тодор Проески“ кога игра македонската репрезентација.

  1. Македонија – Ирска (0-2), 04.06.2011, квалификации за ЕП 2012 – 29.500
  2.  Македонија – Шпанија (0-1), 08.09.2015, квалификации за ЕП 2016 – 28.843
  3.  Македонија – Италија (1-1), 09.09.2023, квалификации за ЕП 2024 – 28.126
  4.  Македонија – Англија (1-1), 20.11.2023, квалификации за ЕП 2024 – 27.982
  5. Македонија – Србија (1-0), 16.10.2012, квалификации за СП 2014 – 26.181
  6. Македонија – Хрватска (1-2), 12.10.2012, квалификации за СП 2014 – 25.230
  7. Македонија – Шпанија (2-3), 12.08.2009, пријателски натпревар – 25.000
  8. Македонија – Данска (1-1), 07.09.1994, квалификации за ЕП 1996 – 22.000
  9. Македонија – Полска (0-1), 07.06.2019, квалификации за ЕП 2020 – 22.000
  10. Македонија – Шпанија (0-2), 12.10.1994, квалификации за ЕП 1996 – 21.000

* Информацијата за бројот на гледачи е од официјалните записници на ФИФА и УЕФА, како и новински извештаи за пријателските натпревари.

- Оглас -

Најнови вести