Ремито во Медитеранското дерби во Лига 1 ги израдува Светците

Во дербито на 20-то коло во француската Лига 1, Олимпик Марсеј и Монако ремизираа играјќи 1:1.

Исходот од „Медитеранското дерби“, највеќе му одговора на лидерот на табелата, ПСЖ. Олимпик Марсеј остана на третото место со 43 бода, Монако е четврти со 38, додека ПСЖ е лидер со 47 бода, а згора на тоа има и натпревар помалку.

Монако поведе со автоголот на Верету во 17-та минута.

Гостите беа подобри во првиот дел и можеа да ги решат дилемите околу победникот, но Висам Бен Једер не ги реализираше шансите.

Второто полувреме им припадна на домаќините кои израмнија преку Алексис Санчез во 47-та минута.

- Оглас -

Најнови вести