Едуардо Камавинга, чудото од дете на Рен, одби да ја продолжи соработката со клубот со цел да избори трансфер во ПСЖ. Францускиот тинејџер по кого се „запалија“ голем број на европски гиганти, посакува што поскоро да го облече дресот на Светците, но само доколку вицепрвакот исполни еден услов.
Имено, Рен бара 100 милиони евра отштета за својот суперталентиран играч за врска, но прашање е дали ПСЖ ќе издвои толку голема сума. Ваквото инаетење може да оди на штета на Рен, бидејќи договорот на Камавинга му истекува следното лето и може да почека како слободен играч да се пресели на „Паркот на принцовите“.
Инаку, францускиот вундеркид одигра вкупно 39 натпревари за Рен во кои запиша скоремн учинок од еден гол и две асистенции, но сепак се најде на списокот играчи кои ќе ја претставуваат Франција на Европското првенство идниот месец.