Рен му го зеде скалпот на ПСЖ (видео)

ПСЖ загуби на гостувањето кај Рен со 2-1 во рамките од второто коло во Лига 1. Домаќините им се одмаздија на Светците за поразот на стартот од новата сезона во францускиот Суперкуп, а вечерва пред своите навивачи до големите три бода дојдоа преку пресврт.

Кавани ја искористи грешката на одбраната и во 36-тата минута ги доведе Светците во водство, но Нијанг не дозволи неговата екипа да замине со негатива на пауза и во 44-тата минута израмни. Тој гол им даде самодоверба на фудбалерите на Рен, па во вториот дел се изборија за резултатска предност, а голот на Дел Кастиљо во 48-мата минута се покажа како пресуден за францускиот првак.

https://twitter.com/eddie1991razo/status/1163175530541154304

https://twitter.com/TazPhalora/status/1163176511316418560

https://twitter.com/Le_Trio_Sportif/status/1163181664794755076

 

- Оглас -

Најнови вести