Ренџерите на Џерард први до осминафинале во Лигата на Европа

Со погодокот на Рајан Кент во 61-вата минута за конечни 1-0 на гостувањето кај Брага во реваншот, Ренџерс го осигури пласманот во втората рунда од нокаут-фазата во Лигата на Европа. Избраниците на Стивен Џерард се погрижија за спектакуларниот пресврт од 3-2 во првиот меч да не биде залуден, па овојпат не дозволија да се затресе нивната мрежа, додека постигнаа два гола од кои се важеше само еден.

Јанис Хаџи, синот на легендарниот Георге, беше режисер на пресвртот пред една недела во кој постигна два гола, а вечерва му го сервираше на Кент победничкиот гол со фантастична долга топка во празно, и тоа без да види каде е неговиот соиграч. Претходно талентираниот Романец утна пенал, па мораше да се оддолжи со асистенција.

https://twitter.com/Footweetball/status/1232734082456543232

- Оглас -

Најнови вести