Ренџерс ќе го врзе Џерард со нов договор

Глазгов ренџерс планира да го награди својот стратег Стифен Џерард со нов договор. Џерард одлично си ја врши работата на „Иброкс“, управата е особено задоволна по пласманот во финалето во шкотскиот Куп, во кое Ренџерс утре ќе ги одмери силите со шампионот и лутиот ривал Селтик во битката за трофејот.

Понудата за Џерард е да остане најмалку до јуни 2024 година и да продолжи со проектот кој засега е во одличен развој. Легендата на Ливерпул го врати клубот на мапата, повторно се конкуренти за титулата во Шкотска покрај фавотитот Селтик, овие два гиганти бијат тесна битка за врвот на табелата, а ги двои само два бода.

Џерард пред 18 месеци се согласи на четиригодишна соработка со Ренџерс, истата ќе биде продолжена на уште четири години без разлика дали утре клубот ќе го освои трофејот кој го чека веќе осум години. Доколку Англичанецот се согласи на продолжување на соработката, ќе го одложи своето враќање на „Енфилд“, бидејќи цела фудбалска јавност во него гледа како наследник на Јирген Клоп на клупата на Црвените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести