Реномето го спаси: Кјелини со одбојкарски блок спречи опасна контра (видео)

Џорџо Кјелини е тема на разговор во МЛС лигата, по неговиот непромислен потег да спречи контра-напад на противничкиот тим така што на сред терен ја боксуваше топката со двете раце.

За ваков потег се заслужува црвен картон, но реномето на Кјелини е огромно и сигурно одигра улога во одлуката на арбитарот да му покаже само жолт картон на италијанскиот ветеран.

Ситуацијата беше опасна, Реал Солт Лејк можеше да стигне до позиција да реализира, но Кјелини искусно ја прекина играта. На крајот, неговиот Лос Анџелес славеше со 4-1.

https://twitter.com/GoalItalia/status/1556152149905707008

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести