„Ренцо Барбера“ итно ќе се шминка со 200 илјади евра, Палермо може да остане без дуелот Италија – Македонија

Градските власти на Палермо итно одобрија 200 илјади евра за реконструкција на стадионот „Ренцо Барбера“, но сега станува неизвесно дали тука ќе се игра бараж-мечот меѓу Италија и Македонија на 24 март за пат на Мундијалот во Катар.

Селекторот на Аѕурите, Роберто Манчини, бил незадоволен од лошиот терен на познатиот стадион што е избран како прва опзција за домаќин на полуфиналниот бараж, па сега итно се интервенира со финансиска инјекција од 200 илјади евра.

Има доволно време за да се средат работите и во Палермо веруваат дека сепак ќе бидат организатори на мечот меѓу Италија и Македонија, но Аѕурите сé повеќе размислуваат за алтернативите.

Болоња и стадионот „Ренато Далара“ се прва алтернатива за да го заменат Палермо, а во игра влегува и Бергамо со стадионот на кој како домаќин игра Аталанта.

 

- Оглас -

Најнови вести