Репрезентативец на Иран суспендиран поради „непримерно однесување“

Репрезентативниот голман на Иран и на иранскиот клуб Естегал, Хосеин Хосеини, заработи суспензија од еден натпревар и парична казна од 4.400 евра поради бизарна причина. Тој по првенствениот натпревар на неговата екипа, прегрна една девојка која успеа да дојде до него на тревникот, а тоа од челниците на Фудбалскиот сојуз беше протолкувано како „непримерно однесување“.

Жените во Иран пред пет години добија дозвола да ги посетуваат фудбалските натпревари откако една навивачка се самозапали кога дозна дека ќе добие затворска казна од шест месеци бидејќи се обиде облечена како маж да влезе на фудбалски натпревар.

- Оглас -

Најнови вести