Репрезентативец на Колумбија во шок: неколку наркомани му ја силувале кравата

Колумбискиот фудбалер Мигел Борха, кој игра за бразилски Палмеирас, како позајмен од Жуниор, изнесе шокантно тврдење на социјалните мрежи, а тоа е дека група момци кои биле под дејство на дрога, му ја силувале кравата и ја оставиле да страда.

„Некои момци пред некој ден ми ја силуваа кравата. Конзумирале дрога и си замислувале дека се кралеви во регионот. Ја злоставувале и ја оставиле да лежи на земја. Верувам во Господ и се молам кравата да закрепне, а истотака се надевам дека Господ ќе ги казни сторителите“ – рече Борха кој за колумбиската репрезентација има 10 настапи на кои постигна три гола.

Тој го привлече вниманието во 2016 година кога даде гол за Атлетико Насионал и му помогна на клубот после 27 години да го освои Копа Либертадорес. Една година претходно играше за италијански Ливорно.

- Оглас -

Најнови вести