Репрезентативец на Северна Ирска го подели бонусот за опстанок со соиграчите

Сарпсборг 08, или популарната норвешка Спарта успеа да се спаси од испаѓање во последното коло, а Кајл Лаферти си го одржа ветувањето и ќе го подели бонусот за опстанок со соиграчите што го има во договорот.

Лаферти е репрезентативец на Северна Ирска и еден од најдобрите стрелци во националниот состав, а при доаѓањето во норвешки Сарпсборг 08 од Глазгов Ренџерс ,се договори со клубот да има анекс во договорот со кој му следува бонус ако клубот избори опстанок.

„Да, на сите јавно ни кажа уште пред мечот со Ранхајм дека ќе добиеме сите по дел од неговиот бонус ако успееме да избориме опстанок. Парите не се важни, Кајл покажа многу повеќе од тоа, иако е кратко во клубот. Тој е човек карпа“, изјави стоперот Никлас Гунарсон.

Сарпсборг ремизираше без голови на гостувањето кај Лилестром во последното коло, а бодот беше доволен за да се избегне најлошото.

Лаферти беше прв стрелец на Северна Ирска во квалификациите за ЕП 2016 и беше еден од најзаслужните за дебитантскиот настап на оваа земја на Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести