Репрезентативец на Швајцарија е осуден поради закани во улична тепачка!

Репрезентативецот на Швајцарија и фудбалер на Монако, Брел Емболо, денес е осуден на условна парична казна од 130.000 евра поради упатени закани во улична тепачка која се случила во 2018 година во Базел.

Емболо, кој тогаш имал 21 година, заедно со свои пријатели учествувал најпрво во расправија, а потоа и во тепачка, а репрезентативецот на Швајцарија се заканувал со зборовите: „Ќе те докрајчам, јас го поседувам целиот Базел“, а на друг член од спротивниот табор му се заканувал дека ќе го „претепа“.

Швајцарецот доколку сака да не ги плати парите од казната, ќе треба во рок од три години да не направи друго кривично дело.

Брел Емболо е роден во Камерун, но неговите родители се преселиле во Франција уште додека бил дете, а потоа и во Швајцарија.

 

- Оглас -

Најнови вести