Репрезентативецот Бејтулаи си замина од Шкендија

Шкендија не успеа да се договори со репрезентативецот на Македонија Егзон Бејтулаи и објави на својата клупска страница дека дефанзивецот ќе ги напушти редовите на шампионот.

За Бејтулаи кој може да игра и како десен бек и како стопер има интерес од странски клубови, а турските медиуми објавија дека и Трабзонспор е заинтересиран, па сигурно ќе направи трансфер во зимскиот преоден рок.

Со него зелено светло да ги напуштат редовите на актуелниот шампион добија и Зени Хусмани, Шефит Шефити, Салајдин Мустафи и Јакуп Бериша.

Шкендија се засили со Валон Ахмеди и со Ардин Далку, па тие двајца ќе патуваат со клубот на зимските подготовки од 23. јануари до 8. февруари во Анталија.

 

- Оглас -

Најнови вести