Репрезентациите повторно се проблем, првото коло на Спортска прогноза недобитно

Некако стана традиција кога во понудата на Спортска прогноза има натпревари од фудбалски репрезентации, резултатите да не бидат според желбите на мнозинството учесници на популарната игра на Спорт Манија и Sport Life.

Во првото коло, 601 прогнозер типуваа на 13-те парови плус двете резервни.

Марко М. и Мики С. се двајцата најуспешни на стартот, тие погодија по 10 од 13-те основни парови. Зад нив се најдоа 22-ца прогнозери со по 9 погодени.

Во генералниот пласман, Марко има 11 погодоци (погоди и една резервна) и го држи првото место пред Мики, Никола М. и Благоја Г. кои имаат по 10. Потоа следува група од 40 прогнозери кои имаат 9 поени.

Како што веќе објавивме, за сите 13 погодени наградата е телефон iPhone XS, за 12 погодени добивате ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11-ка е ваучер од 500 денари.

Новитет во однос на ланската сезона, која беше прва и промотивна за бесплатната игра што ја организира нашиот портал заедно со Sport Life, е што сега може да се прогнозира и да се учествува само со SL картичка. Играта е бесплатна како и лани, ви нуди многу забава и награди, а сега и полесно може да се следи. Сè што треба за да се вклучите, е да имате Sport Life картичка, која исто така е бесплатна, и да ја посетите интернет-страницата на Sport Life.

Секако, за сите останати информации, најави, дополнителни објаснувања и тек на играта читајте ја Спорт Манија.

Вклучете се, не е доцна, сезоната на Спортска прогноза само што почна.

 

- Оглас -

Најнови вести