Реприза од дербито на Манчестер во полуфиналето од Лига Купот на Англија

Манчестер сити и Манчестер јунајтед повторно ќе се сретнат во полуфиналето од Лига купот на Англија.

Вечерашната ждрепка одлучи двата гиганти од Манчестер повторно да се борат за пласман во финалето, исто како во ланската сезона, кога Сити го доби двомечот и подоцна го одбрани трофејот во Купот.

Вториот полуфинален пар е Тотенхем – Брентфорд.

Оваа сезона ќе се игра еден полуфинален натпревар, наместо двомеч како по обичај, кои се закажани за првите денови во јануари.

- Оглас -

Најнови вести