Реши да не го почитува фер-плејот, па тренерот веднаш го извади од игра! (Видео)

Лестер ја прекина серијата од осум победи по ред во Премиер лигата, откако на свој терен одигра само 1:1 против Норвич. Пред мечот, Лисиците беа големи фаворити, но гостите покажаа дека се опасен ривал. Норвич поведе со голот на Пуки, што внесе дополнителен немир кај Лестер.

Во 33 минута се случи една необична ситуација. Гостите ја исфрлија топката надвор од теренот, за да се укаже лекарска помош на еден играч. Во една таква ситуација, аутот кој го изведе Лестер требаше да биде само формално враќање на топката на противниците, но напаѓачот Ихеначо реши да не го направи тоа.

Играчот на Лестер заборави што значи тоа да се биде фер-плеј, тргна да дрибла, но веднаш беше фаулиран од еден гостински играч. Тогаш настана мешаница на теренот, а интересно е што дури и повеќето играчи на Лестер му покажуваа на Ихеначио дека треба да ја врати топката на противниците.

Овој потег на Ихеначио воопшто не му се допадна на тренерот на Лестер, Брендон Роџерс, кој веднаш реагираше и го извади напаѓачот од игра уште пред крајот на првото полувреме.

Целата ситуација може да ја погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести