Ретко кој го познава, но тој стана убедливо најплатениот спортист во светот! (Фото)

Шпанскиот голфер Џон Рам од денес и официјално е најплатениот спортист во светот, откако ја прифати понудата од Саудиска Арабија во вредност од 500 милиони долари. Тој иако долго ја критикуваше тактиката на арапите со богати понуди да ги привлекува спортистите, сепак не можеше да одолее на оваа понуда.

Така сега тој прави трансфер од ПГА Тур во ЛИВ Гоф, организација која е финансирана токму од Саудиска Арабија.

Ако се погледне табелата на најплатените спортисти, тогаш може да се забележи дека голферот сега ќе заработува повеќе од вкупната заработувачка на тројцата најплатени фудбалери: Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Килијан Мбапе.

Рам е трет на голф ранг-листата и актуелен Мастерс шампион, а во кариерата до сега има заработено преку 50 милиони долори. Сепак, неговиот договор со ЛИВ голф има и дополнителни бонуси, според кои шпанецот може да заработи дополнителни 70 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести