Ретко видена мајсторија на Педро, Челзи пресилен за Салцбург (видео)

Челзи во голгетерски ритам продолжи да ниже победи на подготовките, а за трет триумф по ред падна австрискиот првак Ред Бул среде Салцбруг. Сините славеа со 5-3 во претпоследната контролка за ова лето, а избраниците на Френк Лампард беа пресилни за Црвените бикови.

Челзи уште по 30 минути игра оствари убедливи 3-0, два од нив постигна младиот Пулишиќ, а Баркли шутираше без грешка од белата точка. Домаќините намалија на 3-1 непосредно по стартот на второто полувреме, а потоа Педро ја импресионираше публиката со мајсторски погодок со пета во 57-мата минута. До крајот Ред Бул постигна уште еден гол, Минамино беше прецизен од белата точка, а потоа и во судиското надополнување, додека Батшуаји го постигна недостижниот петти гол за Сините.

https://www.youtube.com/watch?v=VKDjgQ9IGjY

 

https://www.youtube.com/watch?v=xaeJbsTTi-8

Пријателски меч играше и Арсенал против францускиот Анже, а Топчиите беа подобри во изведувањето пенали откако резултатот гласеше 1-1 по регуларните 90 минути.

- Оглас -

Најнови вести