Резервистите го вратија Менхенгладбах на второ место

Борусија Менхенгладбах одново се врати на втората позиција во Бундеслигата, откако го совлада Штутгарт со убедливи 3-0. Последната средба од 14. коло во гермнаскиот шампионат, заврши во корист на домаќините, при тоа го заковаа Штутгарт во црвената зона.

Откако по првиот дел планот на Хечкин не функционираше, предводникот на Гладбах направи две супер-измени во 61-та минута, внесувајќи ги во игра Рафаел и Нојхаус. Само осум минути подоцна, овие двајца комбинираа за водечкиот гол, Рафаел стрелец, а Нојхаус се запиша како асистент. Во 77-та минута Нојхаус ја затресе мрежата, а автоголот на Павар во 84-тата минута ги реши сите дилеми.

Деветтата победа на Гладбах значи враќање на второто место во Бундеслигата, со 29 бода се пред Баерн Минхен кои имаат 27, додека Штутгарт останува на 16-тото место со само 11 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести