Резултат кој не е реален за континентален шампионат: Јапонија ја понижи Индија

Покрај Европското ракометно првенство во Германија, парарелно се одржува и континенталниот азиски собир во Бахреин. На азискиот шампионат во тек е последното трето коло во групната фаза, а Јапонија го освои првото место во групата откако денеска ја понижи Индија и ја победи со 59:11.

Првото полувреме Јапонија го доби со 27:6, а во вториот дел беа уште поубедливи, па вторите 30 минути ги добија со 32:5, за на крајот разликата да биде неверојатни 48.

Индија е тотален аутсајдер на ова првенство, но оваа земја сака да го искористи турнирот за промоција на ракометот во својата земја. По трите одиграни меча, Индија претрпе три порази и има вкупна гол-разлика од 40 дадени и дури 162 примени гола.

- Оглас -

Најнови вести