Резултатите во Премиер лигата му одат во прилог, Тухел чека повик од Лондон!

Томас Тухел би можел да стане нов тренер на Челзи, најавуваат германски медиуми. Тухел официјално уште е тренер на ПСЖ, но ќе му биде раскинат договорот откако ќе му биде исплатена платата која требаше да ја земе до крајот на јуни, па веќе е во потрага по работа.

Шпекулациите го селат во Лондон. Најпрвин се спомнуваше Арсенал како можна дестинација, но слабите резултати на Челзи во последно време ја разнишаа позицијата на Френк Лампард и наводно Роман Абрамович бил заинтересиран за Тухел уште додека тој ја водеше Борусија Дортмунд во 2017 година.

Покрај тоа, Тухел е сонародник на Тимо Вернер и Кај Хаверц, кои скапо беа платени од Сините, но не ги оправдуваат парите и можеби со германски тренер би заиграле подобро. Во Челзи има уште еден Германец, Антонио Рудигер.

Тухел само пред четири месеци го однесе ПСЖ во финале на Лигата на шампионите, но од клубот не му ги простуваат скромните резултати во новата сезона и ќе го заменат најверојатно со Маурисио Покетино.

Следниот меч на Челзи во Премиер лигата е на 3 јануари против Манчестер сити, има реална шанса да загубат, и тоа може да биде последен меч за Лампард на клупата.

- Оглас -

Најнови вести