3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

РФМ ги прогласи најдобрите, помеѓу лауреатите се Кузмановски, Митревски, Лазаров, Хориха, Николов и Начевски

Ракометната федерација на Македонија на гала-вечера ги прогласи најдобрите за минатата сезона, 2024/2025. Помеѓу лауреатите се најдоа голем број на познати имиња од македонскиот ракомет, а специјално признание постхумно беше доделено на Илија Темелковски.

Ракометари на Македонија – сезона 2024/2025
Најдобар ракометар: Филип Кузмановски – Еурофарм Пелистер
Најдобра ракометарка: Катерина Дамјановска – ЖРК Ѓорче Петров
Најдобар ракометар во избор на публиката на социјалните мрежи: Никола Митревски – Еурофарм Пелистер
Најдобра ракометарка во избор на публиката на социјалните мрежи: Теодора Гулицоска – ЖРК Чаир
Најдобар ракометар странец: Дмитро Хориха – РК Вардар
Најдобра ракометарка странец: Ана Вранчиќ – ЖРК Ѓорче Петров
Најдобар тренер мажи: Кирил Лазаров – РК Алкалоид
Најдобар тренер жени: Симе Симовски – ЖРК Ѓорче Петров
Награда за посебен придонес: Илија Темелковски
Најдобра млада ракометарка: Марија Јанкуловска – Металург А.
Најдобар млад ракометар: Димитар Узунчев – Бутел Скопје
Најдобар судиски пар: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Најдобар стрелец во машка лига: Давид Димевски – МРК Куманово
Најдобар стрелец во женска лига: Марија Анчева – ЖРК Астибо

- Оглас -

Најнови вести