РФМ ја прекина соработката со директорот Левче Китевски

Левче Китевски веќе не е директор на машките и женските репрезентации, информираше Ракометната федерација на Македонија.

На 31 мај, РФМ и Китевски взаемно се спогодиле за прекин на соработката.

„Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски, кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година“, објавија од РФМ.

- Оглас -

Најнови вести