РФМ со благодарност до навивачите и со порака до сите ракометар(к)и: Вие сте наша гордост!

Ракометната федерација на Македонија им се заблагодари на сите навивачи кои ја бодреа репрезентацијата во салата и гледајќи на телевизија, а потсети и зошто ова е најуспешна година за македонскиот ракомет.

„Почитувани ракометни пријатели,

Ракометната федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно ѝ дадоа подршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар ‘Борис Трајковски% за победата против селекцијата на Фарски Острови, дополнително благодарност и до сите останати кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

Во рамките на своите програмски определби, РФМ како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:

1. ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Women’s EHF EURO 2024 (AUT/HUN/SUI)
28.11.2024-15.12.2024

2. МАШКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF Men’s World Championship 2025 (CRO/DEN/NOR)
14.01.2025 – 02.02.2025

3. ЖЕНСКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF WOMEN’S JUNIOR WORLD CHAMPIONSHIP 2024 (MKD) 19.06.2024-30.06.2024

4. МАШКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 20 EHF EURO 2024 (SLO)
10.07.2024- 21.07.2024

5. МАШКА КАДЕТСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 18 EHF EURO 2024 (MNE)
07.08.2024- 18.08.2024

Честитки до сите ракометари и ракометарки и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции!

Вие сте наша гордост !!!“, порачаа од Федерацијата предводена од Живко Мукаетов.

Интересно, честитка за големата победа и пласманот на СП 2025 упати и амбасадата на САД во Скопје. Инаку и Американците ќе играат на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести