Рибакина е прва финалистка на Отвореното првенство на Австралија, ја прекина Пепелашка приказната на Азаренка (Видео)

Елена Рибакина ќе го игра второто гренслем-финале во кариерата по победата од 2:0 против Викторија Азареннка во Мелбурн, на Отвореното првенство на Австралија.

Русинката со казахстански пасош го доби првиот сет со 7:4 во поени во тај-брејк, а потоа полесно го заврши мечот со 6:3 во гемови во вториот сет.

Рибакина лани го освои Вимблдон, што и е прва гренслем-титула, а сега ја сопре бајката на 31-годишната Азаренка.

Популарната Вика се надеваше на трето финале на Отвореното првенство на Австралија по победничките две години, 2012 и 2013, но не успеа.

Рибакина спречи и можно белоруско финале, бидејќи во второто полуфинале што треба да почне во 11.45 часот ќе игра Арина Сабаленка, која е Белорусинка, против Магда Линет од Полска.

- Оглас -

Најнови вести