Рибери опериран, се знае колку ќе биде во аут

Франк Рибери одлично се снајде во Фиорентина, но за жал Французинот пред 10-тона дена заработи повреда и сега го очекува подолга пауза. Рибери денеска беше опериран и според лекарите, го очекува пауза од околу 10 недели. Искусниот 35-годишен играч го повреди скочниот зглоб на десната нога.

„Рибери имаше успешна операција. Враќањето на вообичаените активности треба да го има за 10 недели“, стои во соопштението од Фиорентина.

По враќањето на тренинзите, се очекува да поминат барем уште две недели за Рибери повторно да заигра на теренот, што значи дека повторно во дресот на Фиорентина може да го видиме за околу три месеци.

 

- Оглас -

Најнови вести