Рибери потпишува за Салернитана, а спортскиот директор го спореди со Марадона

Франк Рибери е на прагот да стане нов член на Салернитана, клубот кој оваа сезона се врати во Серија А по 23 години пауза. Двете страни се согласија на едногодишна соработка во која Рибери ќе заработи 1,5 милиони евра.

Францускиот ветеран на 38 години реши да остане во Италија по две изминати сезони во редовите на Фиорентина, па ќе биде најзвучното име на повратникот во италијанската елита.

Во клубот се возбудени што поранешен европски шампион ќе биде новиот лидер на тимот, а најмногу на ангажманот се радува спортскиот директор Анџело Фабијани.

„Сите сме возбудени што Рибери прифати да ги брани нашите бои. Неговото доаѓање е како кога легендарниот Марадона потпиша за Наполи“, истакна Фабијани.

Ангажманот на ексѕвездата на Баерн Минхен во најскоро можно време ќе се официјализира.

- Оглас -

Најнови вести