Рибери се разигра, Баерн не се предава во битката за титулата

Франк Рибери се разигра и Баерн повторно гази се пред себе, а вечерва со 3:0 го порази стариот должник Ајнтрахт и тоа во Франкфурт.

Во мај годинава „орлите“ го изненадија шамоионот во Берлин и со победа од 3:1 ја освоија круната во националниот куп, но сега Баварците им се реваншираа со триумф од 3:0 во Франкфурт.

Во последниот меч во 2018 година за двата тима, Баерн беше подобар, на крилјата на Франк Рибери. Тој беше двоен стрелец, во 35. и во 79. минута, а печат на победата за второ место стави Рафиња во 89. минута.

Баерн по 17 кола и на крајот на 2018 година е на второто место во Бундеслигата со 36 бода, шест помалку од лидерот Борусија Дортмунд и три повеќе од Борусија Менхенгладбах. Ајнтрахт остана на петтата позиција со 27 бодови.

- Оглас -

Најнови вести