Ридигер ги воодушеви навивачите на Барселона: „Тоа што го прави Јамал е страшно“

Дефанзивецот на Реал Мадрид и еден од најдобрите во светот на својата позиција, Антонио Ридигер, ги воодушеви навивачите на Барселона откако имаше само пофални зборови за Ламине Јамал, веројатно најголемата млада ѕвезда во светот на фудбалот.

„Тоа што го прави Јамал е ‘смешно’ и мора да му оддадете признание. Игра за Барселона само на 17 години, а не треба да се заборави каков беше и на Европското првенство. Одличен, одличен фудбалер. Единствено на што се надевам е дека здравјето ќе го послужи и ќе избегне повреди бидејќи пред него е блескава кариера. По малку е и страшно тоа што го прави само со 17 години“, вели Ридигер.

- Оглас -

Најнови вести