Ридигер успешно опериран, крај на сезоната за Германецот

Челзи и Маурисио Сари нема да сметаат на дефазивецот Антонио Ридигер во остатокот од сезоната. Германецот се повреди во неделата на гостувањето кај Манчестер јунајтед, а настрада менискусот од левото колено. Денес беше успешно опериран, а од таборот на Сините известуваат дека очекуваат Ридигер да закрепне пред стартот на подготовките за новата сезона.

Тоа значи дека Ридигер ќе го пропушти полуфиналниот двомеч против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа, како и последните два меча во Премиер лигата против Ватфорд и Лестер. Исто така нема да биде на располагање и кај селекторот на Германија Јоаким Лев, за квалификациските дуели за ЕП 2022 против Белорусија и Украина.

Ридигер сезонава настапи на 44 натпревари за Челзи, а беше стартер на 33 првенствени меча од вкупно 36. Челзи во четврток гостува во Франкфурт, каде ќе го одигра првиот дуел против Ајнтрахт во битка за финалето во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести