Риека му даде 11 гола на Бује, а рачниот семафор „се расипа“ при 0-7

Риека го декласираше четвртолигашот Бује со 11-0 во 16-финалето на хрватскиот куп, а ѕвезда на овој меч не беше ниту еден од фудбалерите, туку човекот задолжен за рачно водење на резултатот на семафорот.

Едноставно, немаше доволно броеви на семафорот за головите на Риека. Човекот кој треба да го менува резултатот на семафорот, рачно го прави тоа, со картони. Но, проблемот е што имал бројки само до 7. Кога Риека даде и осми погодок, семафорот покажуваше 0-3, бидејќи тројката најмногу личи на осумка.

Кога падна десеттиот гол, навивачите на Риека на шега скандираа „Погледнете го семамфорот“, а таму стоеше дека е 0-0. Нема место за два броја на семафорот во Бује, место кое дало и светски првак (Уругваецот Ернесто Видал, кој од клупата за резерви ја гледаше историската победа над Бразил на „Маракана“ во 1950 година, е роден во Бује).

При последниот 11-ти гол за Риека, едната единица се најде на семафорот, а за другата – немаше место, па стоеше 0-1.

Овие 11-0 се изедначување на рекордна победа за Риека, откако и во 2013 година во еден куп-меч славеше со истиот резултат. Тогаш Андреј Крамариќ даде 8 гола, што е рекорд во хрватскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести