Риека прими петарда од Динамо и избрка тројца играчи, уште еден виси

Риека доживеа голем дебакл, а по поразот од Динамо Загреб со 0:5, спортскиот директор на клубот чиј член е и нашиот репрезентативец Дарко Велковски избрка тројца фудбалери, а со уште еден дополнително ќе се разговара.

Заменик-капитенот на тимот Зоран Квржиќ ќе има уште една шанса, а со него е најавен дополнителен резговор кога ќе минат натпреварите на репрезентациите во следните неколу дена. Квржиќ беше заменик-капитен, а е и репрезентативец на Босна и Херцеговина.

За среќа, меѓу суспендираните не е Велковски, кој и не игра во последно време за Риека, а не настапи ниту на мечот со Динамо.

Нов клуб ќе можат да си побараат Лоренцо Шимиќ, кој беше вратен од Италија како големо засилување, Петар Мамиќ и Роберто Пунчец.

Мечевите меѓу Риека и Динамо во последно време се вистински дерби-дуели, а двете екипи се главни ривали за титулите во Хрватска во последните десетина години.

- Оглас -

Најнови вести