Ријад Марез имал труење од храна, а појавија информации дека наводно се борел за живот

Алжирскиот фудбалер Ријад Марез, кој игра за саудиски Ал Ахли, синоќа со сопругата биле во ресторан во Џеда, а кога се вратиле дома, почнале големи болки во стомакот и се обратиле на доктор, по што бил префрлен во болница.

Утврдено е дека во телото на Марез имало опасна бактерија предизвикана од труење од храна и бил задржан во болница.

По социјалните мрежи се појавуваа информации дека Марез наводно се бори за живот, а се објавува и една негова фотографија со кислородна маска на лицето, за да делува подраматично.

Инаку, реалноста е дека Марез вечерва нема да игра за Ал Ахли на мечот со Ал Тавон, но тоа треба да биде и единствениот меч што ќе го пропушти, фудбалерот и наскоро ќе продолжи со нормални активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести