Риека даде важен гол во поразот со пресврт, лудо е како Лудогорец не даде гол

Гент со „два во еден“ ја победи Риека со 2-1, но ова е резултат кој дава надеж за клубот на Дарко Велковски дека може да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа. Гент беше подобар и во првото полувреме, редеше шанси, но Риека даде гол и поведе со 1-0. Работите си дојдоа на свое место во вторите 45 минути, па Белгијците со минимална предност одат на реванш во Хрватска. Велковски влезе во игра во 69-тата минута.

Иако немаше гол во Разград, Лудогорец и Марибор одиграа интересен меч, или подобро кажано „викторија“ пред голот на Словенците, кои од 57-ма минута имаа и играч помалку на теренот. Лудогорец напаѓаше, имаше дури 28 шута кон голот на Марибор, од нив седум беа во рамките на голот, но мрежата остана недопрена.

ПСВ Ајндховен се разбуди во второто полувреме и по резултат 0-0 по 45 минути, на крајот славеше со убедливи 3-0 против Аполон. Стразбур го изненади Ајнтрахт со 1-0, а АЕК водеше 1-0, но загуби 1-3 на свој терен од Трабзонспор во соседското дерби. Турскиот тим засега е единствениот кој славеше на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести